Со намалувањето на бројот на тестови, се намалува и бројот на детектирани ново заразени. Одлуката за намалување на тестовите е политичка и не е донесена од Комисијата за заразни болести. Тогаш како може да се тврди дека експертите односно епидемиолозите ќе донесат одлука за можност или неможност за одржување на избори?, праша Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
Доколку Владата ја слушаше Комисијата за заразни болести, тогаш нели требаше и овој Прво Мајски викенд да биде целосно затворен?Без тестирање, без вистински аргументи, како ќе одлучуваат експертите???, праша Николов и дополни дека потребно е да се зголеми и забрза тестирањето, за да знаеме со што се бориме. Потребно е да се тестираат ризичните групи, како докторите и медицинските работници.
Тој продлжи – како ќе одлучуваат експертите? Врз основа на тоа што ќе им издиктира Љупчо Николовски или Зоран Заев???
„Подготвен ли е Љупчо Николовски, да ги носи на одговорност во просек 4-5 смртни случаи кои што ги имаме дневно од корона во здравствениот систем? За период од 60 дена тоа ќе бидат вкупно околу 300 починати лица.
Љупчо Николовски “докторот”, подготвен ли е ова да го носи на одговорност?“, заврши Николов.