По информацијата дека предлогот за воведување полициски час во траење од 22 до 05 часот беше вратен до Комисијата за заразни болести, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ веќе предупреди дека податоците за новозаболени ќе се штелуваат со цел да се глуми нормалност. Се поставува прашањето дали навистина професионализмот на Комисијата за заразни болести потклекна на барањата на Зоран Заев да се спушти бројката на новозаразени со тоа да не се тестираат и оние кои што се можни асимптоматски случаи?, истакна Игор Николов, член на ИК.
Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека ова ќе се врати како бумеранг.
Ова е резултат на однесување на првиот човек на Комисијата за заразни болести,седумте политички директори на Клиники назначени од министерот за здравство и самиот министер.На граѓаните и на Македонија им е потребна стручна комисија, а не партиска, потребно е да се слуша струката, медицината, а не политиката, рече Николов.