Македонија 04. февруари 2021. / 15:29

Николоски вели дека за сѐ што зборувале околу пописот излегува дека е точно

Николоски вели дека за сѐ што зборувале околу пописот излегува дека е точно

Денеска во вестите на Канал 5 телевизија, гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. На интервјуто разговараа за актуелните случувања во Собранието и сите политички теми во Македонија.

– Сѐ тоа што го зборуваме претходниот период излегува дека е точно. Тоа е прво дека пописот е статистичка, а не политичка операција. Второ, дека има јасен коалиционен договор, а нема стручност. Методологијата не е соодветна на европските стандарди. Четврто, во услови на корона-криза и пандемија невозможно е да се направи ваква операција, вели Николоски на вестите на Канал 5.

Според него попис во моментов не е возможен.

– Пописот треба да се одложи, но не само тоа, туку да се одложи туку да се средат и некои работи, вели Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ завршува велејќи дека електронскиот попис може да се направи, но прашање е дали тоа го сака власта.