Македонија 09. април 2019. / 21:47

Николоски: Сиљановска секогаш беше на страната на националните интереси – таа е идеален кандидат!

Николоски: Сиљановска секогаш беше на страната на националните интереси – таа е идеален кандидат!

Во Гордана Сиљановска се препознаваат и луѓето кои се за ВМРО-ДПМНЕ и луѓето кои се разочарани од СДСМ. Се препознаваат и луѓето од урбаните средини, но и од оние од екстремната десница. Тоа докажува дека таа е идеален кандидат – порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во неговото вечерашно гостување во емисијата „Јади Бурек“, на ТВ Сонце.

Николоски рече дека Сиљановска е идеален кандиодат, затоа што секогаш застануивала на страната на националните интереси во Македонија.

-Гордана Сиљановска како ретко која личност има права линија за националните интереси. Во 2004 застана против територијалната поделба – тогаш имаше две кампањи, една на ВМРО-ДПМНЕ и една на професори и интелектуалци меѓу кои беше и професорката Сиљановска. Имаше јасен став кога се менуваше името, каде беше против. Затоа реков дека тука ќе привлече и гласови од радикалната десница. Од друга страна постојат голем број на луѓе кои беа против ВМРО-ДПМНЕ но сега се разочарани од СДСМ и се препознаваат во неа, затоа што таа основано ја критикуваше владата на СДСМ. Токму затоа таа ќе победи во двата круга на изборите. – рече Николоски.

Николоски додаде дека според анкетите на ВМРО-ДПМНЕ, Сиљановска веќе води пред Пендаровски.