Македонија 30. јануари 2020. / 16:34

Николоски: Се надевам СДСМ ќе смогне сили да ги прифати нашите забелешки за Законот за ЈО

Николоски: Се надевам СДСМ ќе смогне сили да ги прифати нашите забелешки за Законот за ЈО

ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да го поддржи Законот за Јавно обвинителство доколку се земат во предвиде забелешките на експертската јавност, но не и сегашниот предлог на Министерството за правда- вели Александар Николоски, потпретседателот на партијата во изјава за Канал телевизија.

Јас се надевам дека СДСМ ќе смогне сила и ќе ги прифати нашите забелешки по однос на законот за јавно обвинителство, бидејќи тие забелешки соодетствуваат со најголем бројод забелешките. Впрочем СДСМ треба само да го послуша Правниот факултет, мислењата на професорите од овој факултет кои учествуваа на јавната расправа, да ги види нивните мислења и ќе види дека тие се многу слични со ставовите на ВМРО-ДПМНЕ. Не затоашто ВМРО-ДПМНЕ, не затоа што наводно ВМРО-ДПМНЕ има некаква комуникација со тие луѓе, туку затоа што тие ставови се навистина издржани и ставови кои даваат реален одговор на потребите за Закон за ЈО којшто ќе донесе навистина независно јавно обвинителство, а не закон кој што ќе донесе амнестија на криминал. За жал, тоа е целта на Зоран Заев. Да се спаси себе си после извесниот пораз на следните предвремени парламентарни избори, како и за луѓето околу себе и да може да продолжи да има влијание врз обвинителите и после поразот на изборите, како би се заштитил. Впрочем гледаме сега што се случува во јавноста. Имате јавни признанија дека судии вршеле или се обидувале да вршат влијание врз судски одлуки или затајувале данок и никој не покренува било каква постапка против нив, како што во минатото, на сите ни беше јасно, дека нема да се покрене постапка против Зоран Заев за очигледниот криминали рекет. Не е рекетиран еден бизнисмен, рекетирани се повеќе бизнисмени и побарана е сума поголема од 20 милиони евра. Тој е на врвот на пирамидата. За жал ова и вакво обвинителство не го повикува ни исказ да даде, а камо ли да се осуди да го гледа како некој што бил осомничен за криминал.

Доколку има добра волја кај СДСМ, се уште оставампростор да постои таква волја, многу е лесно да се договориме, само треба да се прифати она што го предлагаат експертите, а што е став и на ВМРО-ДПМНЕ – рече Николоски.