Македонија 09. април 2019. / 21:59

Николоски: Пендаровски прави гафови затоа што се води од желба за одмазда

Николоски: Пендаровски прави гафови затоа што се води од желба за одмазда

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во неговото вечерашно гостување во емисијата „Јади Бурек“, на ТВ Сонце, вели дека претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, на дневна база прави гафови затоа што во кампањата не се води од позитивна мисла туку од желба за одмазда.

-Пендаровски не е ни малку глупав и не ги прави гафовите поради тоа. Тој сам кажува „Доаѓам по своето“, односно, во кампањата влегува од желба за одмазда за поразот на претходните избори. Тоа е лошо, затоа ги прави гафовите. Во политиката не треба да се влегува од желба за одмазда. – рече Николоски.

Пендаровски самиот не верува во она што го зборува, воден е од одмазда и затоа прави грешки. Не може да го препознаеме оној Пендаровски од пред 5 години, но и оној од кампањата во 2016, рече Николоски.

Потпретседателот на опозицијата додаде дека Пендаровски не прифатил функција за министер, само затоа што се чувал за претседателските избори.

-Се повлече и од пратеничката функција за да не мора да кажува ставови. Му измислија функција „координатор за координатор на координатор“, само за да може да се чува за претседателските избори и да не мора да кажуа ставови. – рече Николоски.