Претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. Дирк Јан Коп.
На почетокот на средбата тој се заблагодарил за прифатената покана за средба од страна на амбасадорот на Холандија, при што го информирал дека во текот на месец јануари годинава оствари средби со амбасадори на земји-членки на ЕУ.
„На средбата го запознав амбасадорот на Холандија за клучните цели на Националниот совет за евроинтеграции од формирањето во 2007 година, надлежностите, инклузивниот состав и клучната улога што Советот треба да ја оствари во процесот на пристапните преговори со ЕУ“, информира Николоски.
Исто така на средбата Николоски и холанскиот амбасадор размениле мислења за прашања од областа на борбата против корупцијата, предизвиците што претстојат во процесот за почеток на преговорите, ефектите од пандемијата со Ковид 19 врз економијата, проблемите околу вакцините.