Одговорноста е јасна. Одговорноста е секогаш на оној кој ги предводи процесите, на Владата, на премиерот, на министерот за надворешни работи и вицепремиерот за европски прашања, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на прашањето кој е одговорен за недобивањето на датум за преговори со ЕУ.
Тој во во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ рече дека Македонија изгуби година и половина затоа што владата реши да не спроведува реформи.
– Македонија изгуби затоа што во оваа година и половина гледаме рекет, гледаме корупција гледаме нереализирани ветувања на владата, гледаме се само не она што требаше да прави оваа влада, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој ги обвини Заев, Димитров и Османи за негативниот исход од Брисел.