Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на почетокот од вечерашното гостување во емисијата „Јади Бурек“ на ТВ Сонце, говори и за иселувањето од Македонија.
Николоски вели дека иселувањето е присутно со години наназад, но дека сега за прв пат од Македонија почнуваат да се иселуваат и луѓе кои се вработени и добро ситуирани, а имаат и деца.
-Ова стигнало и до странските дипломати до кои стигнала реченицата со одговорот на прашањето „Зошто си заминувате?“, лушето одговараат „Заминуваме заради децата!“. Односно, луѓето не ја гледаат својата иднина овде поради здравствениот систем, неорганизираноста на државата, корупцијата, корупцијата во администрацијата… се собрано, луѓето се чувствуваат многу несигурни и заборавени и затоа се иселуваат. Доколку тоа не се смени брзо преку овие претседателските избори кои би довеле до парламентарни, ќе има катастрофални последици и нема да може да се стопира процесот. – рече Николоски.