Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, како гостин во вечерашниот Дневник на Телевизија Сител му ја честиташе победата на новиот претседател на САД, Џо Бајден.
Николоски истакна дека Бајден е голем пријател на Македонија, кој одлично ги познава приликите во регионот.
-ВМРО-ДПМНЕ вчера помеѓу првите честиташе, еве како потпретседател на партијата преку најгледаниот Дневник во Македонија и лично да изразам честитки на големиот пријател на Македонија и новиот претседател на САД, Џо Бајден. Претседателот Бајден одлично го познава регионот, тој и како сенатор има доаѓано во регионот исто така и како потпретседател интензивно работеше со Македонија и со владата на Македонија тогаш предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Убеден сум дека во следниот 4 годишен мандат ќе има исклучително добра соработка со Македонија и се надевам по предвремените парламентарни избори и со една влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ заеднички да работиме за доброто на двете држави, Америка е партнер број 1 на Македонија и така и ние само ќе ги јакнеме нашите односи. – рече Николоски во Дневникот на ТВ Сител.