Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев од понеделник, ќе бидат во посета на Соединетите Американски Држави на Националниот молитвен појадок, чиј покорвител е Доналд Трамп.
– Ја имам честа следната недела да бидам поканет на молитвениот појадок кој го организира претседателот на САД, Доналд Трамп и така што во Вашингтон ќе ја имам таа ретка можност да присуствувам на молитвениот појадок, да се сретнам со бројни светски лидери и да размениме мислењ. Ова е потврда за политиките на ВМРО-ДПМНЕ кој што отсекогаш биле и остануваат насочени кон тесна соработка со САД, истакна Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Националниот молитвен појадок обединува повеќе од 3.500 гости, претседатели, премиери, политичари, претставници од бизнис секторот, верски лидери и истакнати личности кои зборуваат на различни политички и социјални теми.
Молитвениот појадок се одржува уште од 1953 година секој прв четврток во февруари. Идејата е на Абрахам Вереида, методист од норвешко потекло.