Македонија 15. јануари 2021. / 21:49

Николоски: Доставија Закон без методологија, а тоа значи дека ќе прават политички попис

Николоски: Доставија Закон без методологија, а тоа значи дека ќе прават политички попис

Заради короната побаравме пописот да се одложи, поради тоа што го одложија многу европски и држави од регионот, изјави Александар Николоски во емисијата Јади бурек на ТВ Сонце.

Власта сака да реализира политички попис, а не статистички. Власта има политички договор, затоа може и процент ги имаат договорено. Побаравме отисок од прст, а не беше прифатено. Од локалните избори нема да има спреј , туку отисок од прст. Доставија Закон без методологија, а тоа значи дека ќе прават политички попис. Затоа бараме Законот да биде повлечен, денеска не усееаја да го изгласаат. Ако биде усвоен, ВМРО ДПМНЕ ќе го повика народот да се соберат потписи со цел да се укине  Законот. Ако и тоа не помине, ВМРО ДПМНЕ нема да ги признае резултатите од пописот, изјави Николоски.

Мора да знаеме колку луѓе ќе живеат во Македонија , Пример  за економија , доаѓа странски инвеститор и сака да инвестира во Тетово или Гевгелија. Неможе економско планирање без реални бројки, истакна Николоски.