Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски во емисијата „ Само вистина “ на Канал 5 ТВ праша дали се крчка смена на историската комисија и таа ќе се замени со нова
Дали е вистина дека Зоран Заев е незадоволен од работата на историската Комисија, оти не потпишала се што очекува Заев и дали во овој момент се прави обид од негови блиски соработници да направат компромитација на неколку членови на таа комисија со цел да биде разрешена и да се именува од страна на МНР нова комисија која што би потпиша се што Зоран Заев ќе побара , праша Николоски .