Поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, искажа пофални зборови за мерките што се преземаат во државата за справување со епидемијата на корона вирусот.
Мерките кои се преземаат се добри и добро е што властите се потпираат на одлуките на здравствените власти кај нас се потпираат на препораките од експертите, особено од Комисијата за здравствени болести. Тоа се експерти кои имаат долгогодишно искуство и кои имаат обуки за справување во вакви или лични ситуации. Добро е што се преземени мерки кои даваат резултати во други држави и целосно, гледам дека мерките даваат добар ефект – изјави Тодоров во вестите на Канал 5.