Македонија 31. октомври 2018. / 16:39

Никола Мицевски ќе биде новиот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Никола Мицевски ќе биде новиот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Новиот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, најверојатно, ќе биде Никола Мицевски. Тој ниту ја потврди ниту ја негираше информацијата со образложение дека ќе почека да заврши состанокот на извршниот комитет.

Местото координатор на пратеничка група остана празно откако Драган Данев пред неколку дена најави дека се повлекува од функцијата. Данев ја извршуваше функцијата неполна година, а неговото повлекување следи по низата исклучувања, разрешувања и оставки од партиските функции поради несогласувања со раководството.