Македонија 07. октомври 2019. / 14:04

Никола Груевски: СДСМ се врати на стариот начин на избор на судии

Никола Груевски: СДСМ се врати на стариот начин на избор на судии

Наместо почитување на реформите и спроведување на законите, СДСМ се врати на стариот начин на избор на судии, вели, меѓу другото, во својот подолг ФБ статус поранешниот премиер Никола Грувески. Во него тој се осврнува и на „тајни средби“ на премиерот Зоран Заев со доскорешната специјална обвинителка Катица Јанева, како и на иницијативата на скопскиот градоначалник Петре Шилегов за продажба на Градската куќа.

Едно збореа, обратно прават: градат перцепција за транспарентност, а ги суспендираа критериумите за унапредувањето на судиите, кршат закони и одат на телевизија да ги нападнат претходните за она што го направиле пред 30 минути, пишува Груевски, потсетувајќи на промените во правосудството од 2009/2010 година со кои биле, како што вели,  воведени многу  јасни и мерливи критериуми за унапредување на судиите, и што е најважно, почитувани без ниту еден исклучок од страна на Судскиот совет.

За жал, по доаѓањето на СДСМ на власт, судскиот совет под притисок на владата ПРЕКИНА ДА ГО ПРИМЕНУВА ЗАКОНОТ и критериумите во него и оттогаш судиите се бираат како што било децении наназад, независно дали некогаш бирал судии Судскиот совет или претходно Парламентот…Така, ако се почитуваа законите, немаше деновиве да има простор за лобирања и одлагање на седницата на судскиот совет. Но, немаше да може, ниту Заев, ниту било кој од власта да ветува и исполнува унапредувања на судии ако пресудат по нивна нарачка… Не вреди да се прозива обвинителството да отвори истрага за ова грубо непочитување на Законот за судови, бидејќи нема да го направат тоа. Не смеат. Бидејќи истрагата ќе заврши во врвот на владата.

Кој е денес мотивот на судиите во една ваква ситуација да судат чесно, правично, брзо и согласно закон. Нема таков мотив веќе.  Но, има нов мотив, да судат како што ќе им кажат тие кои имаат моќ да лобираат затоа што тоа е начинот како може да бидат наградени, односно унапредени.

На пазарот во Струмица има многу појасен критериум за се.
ЕДНО ЗБОРЕА, ОБРАТНО ПРАВАТ: ГРАДАТ ПЕРЦЕПЦИЈА ЗА…

Posted by Nikola Gruevski on Monday, October 7, 2019