Македонија

Никола Димитров: Ако смениме име и идентитет во 2019-та стануваме членка на НАТО

Никола Димитров: Ако смениме име и идентитет во 2019-та стануваме членка на НАТО

Македонија кон средината на следната година може и формално да стане 30. земја-членка на НАТО, доколку сите други процеси се одвиваат како што треба.

Ова го порача шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за Еуро Вестерн Балканс, објавено денеска, на денот кога Македонија ја доби и формално поканата за отпочнување преговори за членство во НАТО.

На прашањето дали Македонија може да влезе во НАТО следната година и дали процесот на пристапување ќе биде брз како што беше најавувано шефот на дипломатијата нагласи дека станува збор за технички процес, што може да се сработи за неколку месеци.

– Но, тој исто така е поврзан со исполнување на нашите обврски од Договорот со Грција. Ни претстои референдум и процес на измена на Уставот. И откако ова биде финализирано, ќе може да ги потпишеме протоколите за пристапување, кои потоа ќе бидат ратификувани во Парламентот на Атина и во другите земји-членки. Ако работите одат добро во прашање се месеци. Можеби кон средината на следната година ќе бидеме формално 30 земја-членка на НАТО, порача шефот на дипломатијата.

Во врска со неговите очекувања од референдумот истакна дека смета дека граѓаните ќе го подрржат договорот, бидејќи, како што рече со него е покриен најсензитивниот дел, идентитетот и јазикот.

– Ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик. Најдовме начин да направиме разлика меѓу културното наследство и што ние мислиме кога ќе кажеме Македонци во Макеоднија и што Грците мислат кога ќе кажат Македонија и Македонци. На многу начини ова е крај на една ера за Македонците, која беше полна со предизвици и прашалници, вели тој.