Независната Пратеничка Група од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, попладнево оствари средба со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји.
На средбата, како што стои во соопштението до медиумите, биле истакнати очекувањата на пратениците за понатамошна интеграција на Македонија во ЕУ за што, како што велат и лично имале допринос преку поддршка на реформските закони.
– Важноста за добри закони а не политички договори, треба да биде водилка понатаму, и за законот за ЈО и секако за сите останати. Консензусот треба да се гради во интерес на граѓаните, секогаш. Ја изразуваме нашата благодарност што бевме дел од агендата на г. Вархеји што е показател за нашите заложби и учество во подобрување на можноста да напредуваме кон ЕУ, сите заедно, стои во соопштението од НПГ.