Деновиве се очекува да биде закажана Комисија за мандатно-имунитетни прашања на која треба да се расправа за пратеничкиот мандат на Груевски откако кривичниот суд испрати известување до Собранието во кое наведува дека Груевски е осуден на правосилна казна затвор од две години.
Координаторката на пратеничката група, Елизабета Канческа-Милевска рече дека осумтемина пратеници од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласаат „за“ одземање на мандатот на експремиерот Никола Груевски.
Во пратеничката осумка се пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Елизабета Канческа-Милевска, Владанка Авировиќ, Зеќир Рамчиловиќ, Нола Исмајловска-Старова и Емилија Александрова.