Македонија 02. април 2019. / 13:14

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ ќе се сретне со Ципрас

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ ќе се сретне со Ципрас

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ќе се сретне со осумте пратеници од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија”. Средбата ќе се одржи попладне во Собранието.

На средбата ќе се разговара за договорот од Преспа, но и за други актуелни прашања. Ова следува откако тие беа исклучени од партијата поради тоа што гласаа за уставните промени.

Ципрас нема да се сретне со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и претседателот во заминување, Ѓорге Иванов.