Македонија 17. мај 2019. / 12:41

Независната пратеничка група бара лекари од понеделник да ги тестираат пратениците за дрога

Независната пратеничка група бара лекари од понеделник да ги тестираат пратениците за дрога

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе иницијатива до Собранието, сите пратеници доброволно да направат тест за (зло)употреба на наркотични средства. Бараат Собранието во понеделник, да овозможи услови и лекарски тим кој ќе може ова да го спроведе.

Предлагаме и другите политичари, актуелни и поранешни функционери, аднинистративни службеници, судии, обвинители, градоначалници и советници, да ни се придружат во намерата и на нашите граѓани да им дадеме добар пример во борбата против (зло)употребата на наркотични средства. Ги поттикнуваме сите вршители на јавни функции да го направат истото доброволно. Нашето мото е: Конкретни предлози и чекори за позадоволни граѓани, се наведува во соопштението на Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ.