Македонија 20. јуни 2020. / 16:19

Невенка Стаменковска-Стојковски: Дамјан Манчевски по втор пат отвора иста сала за услуги

Невенка Стаменковска-Стојковски: Дамјан Манчевски по втор пат отвора иста сала за услуги

На својот фејсбук профил Невенка Стаменковска Стојковски објави:

ДАМЈАН МАНЧЕВСКИ ВТОР ПАТ ОТВОРА ИСТА САЛА ЗА УСЛУГИ ВО СКОПЈЕ, А ГРАЃАНИТЕ ЗА ДА ИЗВАДАТ ДОКУМЕНТ СЕ ПРИНУДЕНИ ДА ЧЕКААТ НАДВОР СО ЧАСОВИ

Почитувани,

пред една и пол година Зоран Заев, Дамјан Манчевски и уште пола влада се сликаа и се фалеа дека отвораат Сала за јавни услуги во старата зграда на Комерцијална банка. Ветуваа брзи и квалитетни услуги за граѓаните.

Наместо тоа, граѓаните за да извадат обичен документ беа принудени да чекаат пред објектот со часови.

Граѓаните се револтирани поради ваквите понижувачки услови што им ги наметнува владата на СДСМ, а ваквата состојба трае со недели.

Вчера и лично е уверив во тоа. Граѓаните се жалат дека за да извадат Извод од матична книга на родените што им е потребен во постапката за регистрација на брак мораат да чекаат и до еден час надвор пред објектот.

И за иронијата да биде уште поголема, денес Дамјан Манчевски повторно се слика во истиот објект и промовира проект за истата намена.

Што отвори Владата на СДСМ на 20 февруари 2019 година и за што потроши стотици илјади евра, за само по една и пол година Дамјан Манчевски да се пишмани и да потроши уште пари за ја отвора истата сала по втор пат⁉️

Додека Власта во една и пол година два пати отвора иста Сала за услуги, два пати троши пари за иста намена и Дамјан Манчевски денес пак се слика во старата зграда на Комерцијална банка, граѓаните се неуслужени и принудени да чекаат на улица пред објектот.