Македонија 10. јуни 2020. / 13:15

„Нетпрес“: Нов голем пораст, денеска над 120 новозаразени со Ковид-19 во Македонија

„Нетпрес“: Нов голем пораст, денеска над 120 новозаразени со Ковид-19 во Македонија

Според неофицијални информации од Центарот за јавно здравје, изминатото деноноќие се дијагностицирани над 120 новозаразени со коронавирус, објави „Нетпрес“.

Речиси 110 позитивни тестови се добиени од ЦЈЗ, а се очекуваат и резултатите од приватните клиники.

Официјалните бројки ќе бидат соопштени наскоро.

Без денешните случаи, вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 3.239 од кои починати се 157.