Засега непознати планинари кои престојувале во кулата на Титов врв кога заминале не ја затвориле влезната врата поради што внатрешноста е затрупана со снег. Сега влезната врата од снегот ниту може да се отвори ниту да се затвори, а со тоа ниту објектот не може да се користи.
– Планинарската кула на Титов врв е со функција на планинарско засолниште за сите планинари кои во било кој период од годината, а посебно во зиме, да пружи место за одмор или засолниште од големиот студ и од невреме. Но, некои несовесни планинари, кои неодамна тука престојувале, кога заминале, не ја затвориле влезната врата од кулата. Поради тоа долната просторија е преполна со снег кој го нанел ветрот и сега тука нема услови за престој. На овој начин тие ја загрозуваат и безбедноста на другите планинари кои одат кон Титов врв надевајќи се дека во кулата ќе најдат привремено место за засолнување и одмор, велат за „Сакам да кажам“ од планинарскиот клуб „Аргентус Монт“.
Членовите на овој планинарски клуб изминативе пет години на раце носеа материјал, прозорци, врати и инвентар, ја обновија внатрешноста на кулата и така направија таа да биде пријатно место за престој и за време на најлошите временски услови кои владеат на Шар планина.
Целиот текст, прочитајте го на СДК.мк