Македонија 17. август 2019. / 16:11

Непријатната миризба од дивата депонија во Волково ги вознемири жителите

Непријатната миризба од дивата депонија во Волково ги вознемири жителите

Мирис на изгорено и отпад кој се уште на моменти жари и тлее на отворено – ваква е сликата во оваа мала депонија во скопско Волково, два дена по избивањето на силен пожар, пренесува Канал 5.

Наместо зеленило, неколку метри квадратни се зафатени со помали купчиња градежен шут расфрлани даски и цигли, најверојатно фрлени и оставени од некои од околните жители кои ги користеле како материјали за градење.

Поретко се забележуваше ѓубре, кеси и стара облека и обувки.

Пред два дена изби пожар од кој се запалија расфрланите купови отпад и шут, а непријатната миризба ги вознемири околните жители.

Жителите велат дека голема вина има и несовесноста на граѓаните, кои намерно или случајно, го фрлаат отпадот каде стигнат и прават мини депонии.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.