Македонија 11. јуни 2020. / 10:54

Неофицијално, денеска над 160 новозаразени во Македонија

Неофицијално, денеска над 160 новозаразени во Македонија

Според неофицијални информации од Центарот за јавно здравје, изминатото деноноќие се дијагностицирани над 160 новозаразени со корона вирус. Од нив 110 се од Скопје дознава Економски Лидер.

Вчера беа потврдени 125 новозаболени од Ковид-19 од кои 89 се од Скопје. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3364, бројката на оздравени пациенти е 1664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1536.

Само од почетокот на јуни  во Македонија има 1141 новозаразен и 31 починат.