Според информации на одредени медиуми кучето кое вчера искаса полицаец, истото немало ознака дека е вакцинирано.
Кога колегите го однеле полицаецот на Инфективната клиника и во неколку други здравствени установи и аптеки, им било кажано дека има проблем со серумот и антитетанус вакцината веќе подолго време, објавува Здравство.мк.
Полицаецот бил искасан вчера попладне во близина на МТВ и хотелот ВИП, кога кучето незабележано му пришло зад грб и го нападнало без причина.
Очевидци велат дека бил нападнат само еден од повеќе присутни полицајци во цивил, а нападнало само едно од вкупно петте кучиња скитници кои се движеле во група.