Македонија 15. ноември 2018. / 10:58

Нема учебници по Географија за учениците од VII, VIII и IX одделение

Нема учебници по Географија за учениците од VII, VIII и IX одделение

Учениците од седмо, осмо и деветто одделение сѐ уште немаат добиено учебници по предметот Географија, иако помина првото тромесечие.

Од Министерството за образование и наука потврдуваат дека овие учебници сѐ уште не се отпечатени.

– Поради судски процес јавната набавка за избор на компанија за печатење на учебниците кои се во сопственост на МОН, односно МОН ги поседува авторските права (вклучувајќи ги и учебниците по географија), започна малку подоцна. По завршување на процесот, учениците ќе ги добијат и тие учебници – рекоа од МОН за Плусинфо.

Оттаму додаваат дека учебниците кои се во сопственост на издавачките куќи се набавени (по цена која е за 40% пониска во однос на изминатите години) и целосно, согласно нарачаните количини од училишните комисии, дистрибуирани до сите училишта.