Македонија 12. август 2020. / 13:22

Нема да им се бара ПЦР-тест на оние кои транзитираат низ Македонија

Нема да им се бара ПЦР-тест на оние кои транзитираат низ Македонија

Засега нема да се воведуваат ПЦР тестови за државјаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина кои транзитираат низ земјава.

На денешната седница на Комисијата за заразни болести се разгледувало ова прашање и Комисијата вели дека ќе продолжи будно да ја следи ситуацијата и доколку се утврди дека има потреба, не се исклучени дополнителни мерки.

Според постојните мерки, граѓаните на овие земји кои транзитираат низ земјава потпишуваат изјава дека за 3 часа ќе ја напуштат земјата и не претставуваат опасност за ширење на коронавирусот во нашата земја, соопшти Министерството за здравство по состанокот на Комисијата.