Македонија 14. јули 2020. / 11:26

Нелоски за манипулациите со гласачкото ливче: Кога обезбедување пријави бомба на шега, беа уапсени за “шегата”

Нелоски за манипулациите со гласачкото ливче: Кога обезбедување пријави бомба на шега, беа уапсени за “шегата”

На социјалните мрежи последните два дена се појавија „шеги“, како што сакаат да кажат припадници на една политичка партија, во врска со тоа како треба да се гласа или што треба да се заокружи на гласачкото ливче, наидоа на неодобрување.

На ваквите обиди за измама на гласачите реагираше и Владимир Нелоски.

Се јавува анонимен глас во некој трговски центар и вика: – Во молот имате бомба, ќе има жртви.
Полицијата го наоѓа јавувачот и го апси. Тој вели: – Ама јас се шегувам.
Е, вака некако изгледа правдањето на истите кои повикуваат да се шкртаат изборните ливчиња.
П.С. Имаше ваков случај кога обезбедување на трговски центар пријави бомба на шега, па беа уапсени и си заглавија за “шегата”, напиша Нелоски на „Фејсбук“.