2019 имавме ситуација кога од нигде никаде никна платформа на Матка и таа сеуште постои, потоа познат бизнисмен од Охрид и советник на ДУИ, Нефи Усеини направи пицерија кај чинарот и се ова се градби кои треба да се срушат и поминува година и пол ни не се рушат, рече Владимир Нелоски, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на телевизија Канал 5 во емисијата „Само вистина“ говорејќи во контекст на владината одлука за рушење на дивоградбата кај Мавровка.
Она што ме загрижува е што говориме за рушење на дивоградби изградени пред четири месеци, каде биле надлежните кога се граделе, Ние имаме ситуација кога грешките, поточно прецизно направените потези на СДСМ со цел да се додоворат до одредени структури кои им работат на терен во изборите, а тоа го плаќаат граѓаните. Некој направил дивоградба и никој ништо не знае и сега на првава седница прва одлука ќе се срушела дивоградба, па тоа е нормална постапка и сега Македонија пат ќе ја руши, а тоа го плаќа народот. Со народот на граѓаните се плаќа ова рушење, рече Нелоски.
Според Нелоски ако сакале СДСМ да покажат и да спроведуваат еднакво важење на законот ќе постапуваа исто за сите дивоградби.
-Ова е лепенка влада, донесоа човек да гласа од посебна просторија. Потоа Мухамед Зеќири пред 3-4 месеци велеше дека ДУИ е канцерот на криминалот на македонското општество. Сега тој канцер го чува трезот, раководи со финансиите. Затоа нема да имаме промени, затоа на прва седница на влада имаме еклатантен пример дека законот не важи подеднакво за сите, посочи Нелоски.
Според него денес од владата била потребна одлука за крупните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.
-Јас очекував денеска одлука како ќе им помогнат на оние 40 илјади нови невработени од април месец, одлука со која ќе им се врати на граѓаните довербата во на банкарскиот систем зошто имаме пропадната банка, а најголема вест е рушење на само една дивоградба, рече Нелоски.