Македонија 03. март 2020. / 14:56

Нелоски: Градоначалникот на Неготино го ускратува уставното право за изјаснување на референдум

Нелоски: Градоначалникот на Неготино го ускратува уставното право за изјаснување на референдум

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир нелоски потенцира дека референдумското изјаснување на граѓаните е демокоратско право загарантирано со Устав, а градоначалникот на општина Неготино, Тони Делков и советниците од СДСМ им го ускратуваат тоа право на неготинчани, кога станува збор за прашањето дали треба да се изгради депонија во Неготино..

– Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните јасно пропишува и уредува во член 36 дека доколку најмалку 20% од граѓаните се потпишат на иницијатива за Референдумско изјаснување, истото мора да им се овозможи и да се одреди датум од страна на Советот. Општина Неготино, градоначалникот Тони Делков и советниците од СДСМ на неготинчани им го ускратија основното демократско право да се произнесат на референдум за изградба на депонија во Неготино. Тони Делков за повисоки свои лични и партиски интереси, а можеби бизнис интереси, одлучи спротивно на волјата на граѓаните да не распише референдум за да му го кажат своето мислење – потенцира Нелоски.

Тој праша дали Тони Делков одлучил да ги труе граѓаните со депонијата што ќе се прави спротивно на волјата на граѓаните?

Неготинчани собраа над 3.300 потписи за одржување на референдум, со што ги исполнија законските рамки согласно законот за над 20% од граѓаните да се потпишат, имајќи во предвид дека во Неготино живеат околу 15.000 граѓани кои се запишани во избирачкиот список тоа следи со одлука на Советот од собирање на 3.300 потписи.

За жал Тони Делков и советниците не дозволија да се одржи референдум и прославија победа, победа која многу брзо ќе им се претвори во пораз на 12-ти април – смета Нелоски.

Тој објасни дека законот предвидува дека референдум мора да се одржи најмалку 25 дена, а најмногу 40 денови од објавување на одлуката за референдум во општинското гласило, има време уште неколку денови, Советот повторно да се состане и да се одреди датум за одржување на референдум, и до 12-ти април граѓаните на Општина Неготино да го кажат својот став во однос на ова прашање.

За личен и партиски интерес Тони Делков и СДСМ здравјето на граѓаните го занемарија и го оставија настрана. Во истата општина тие планираат без разлика тоа што државниот правобранител ја поништи одлуката за државно земјиште за изградба на депонија, всушност со нивната последна одлука на Советот тие само ја стопираа изградбата на депонија во Неготино. А, не ја прекинаа и стопираа целосно.

Што значи ова? Ова значи дека во иднина односно по 12-ти април и завршување на изборите градоначалникот Тони Делков и советниците од СДСМ можат на потенцијалниот инвеститор да му дадат друга парцела за изградба на депонија.

Имено, во првичните планови на градоначалникот било 25 години депонијата да биде на парцелата која што беше сега предвидена, а следните 25 години депонијата да се премести на парцелата до предвидената сегашна парцела.

Тони Делков и СДСМ да не ги лажат граѓаните на Неготино дека ја стопирале изградбата на депонија и да им го овозможат уставно загарантираното право да го искажат своето мислење на референдум – вели Нелоски.