Кај граниниот премин „Ново Село“ денес се уапсени шест лица од Пакистан кои илегално влегле во земјава. Веднаш се однесени во Прифатниот центар во Гевлегија.
Како што информираат од МВР, мигрантите околу 24 часот ги пронашле полицајци од полициската станица за граничен наздзор и гранични проверки. Се почести се реакциите на граѓаните дека одвреме навреме во скопско Зелениково се забележуваат групи на мигранти кои се движат покрај пругата барајки излез кон Србија или Албанија, а оттаму во некоја од богатите западноевропски земји.
Иако Македонија е само транзитна зона, владата одлучи да гради нов прифатен центар во скопско Бардовци- информација што ја објави Алфа пред неколку недели, а владата дури вчера ја призна: ќе се градел т.н. „центар за странци“ со пари од ИПА фондовите.
А Владата освен што негираше, целиот овој период дури убедуваше дека во новиот центар ќе се сместувале бездомници. Па во рок од неколку дена се демантираа сами себе си.