Македонија 14. јуни 2020. / 20:40

Неколку причини зошто идните средношколци да го одберат СУГС „Марија Кири- Сколодовска – Скопје

Неколку причини зошто идните средношколци да го одберат СУГС „Марија Кири- Сколодовска – Скопје

Идни хемичари, фармацевти, болничари. Ова се дел од професиите  кои идните средношколци можат да ги  одберат  како дел од средно стручно образование во средното училиште Марија Кири Склодовска во Скопје. Од училиштето истакнуваат дека веќе долго време обезбедуваат одлични услови за идните средношколци кои имаат можност за  истражување, екпериментирање.

50 години гордо го докажуваме делото и пораката на нашиот патрон, големата Марија Кири Склодовска, двојна нобеловка во областа на природните науки, физиката и хемијата. Таа храбро ја одбрала љубопитноста, желбата да истражува, да ги дознае тајните на природата, да ги скроти природните феномени, да го искористи потенцијалот на хемијата и другите природни науки за доброто на човештвото. Средното стручно училиште на Град Скопје „Марија Кири Склодовска“ ќе обезбеди средина и услови за идните средношколци, кои ќе истражуваат, ќе експериментираат, ќе пронаоѓаат.., велат од Раководството.

Од таму исто така потенцираат: 

Наставниците, стручните соработници и раководната служба ќе дадат поддршка во реализирањето на потенцијалите на идните ученици. Наша и чест и гордост ќе биде успехот на учениците. Идните средношколци да одберат средно стручно образование, да бидат квалификувани професионалци, како:

Хемиски лабораториски техничар

Техничар за козметички и хемиски производи

Техничар за заштита на животна средина

Техничар за очна оптика

Фармацевтски техничар

Медицински лабораториско – санитарен техничар

Болничар – негувател

Им ги испраќаме следните пораки:

– Бидете свои, почитувани, храбри и одважни. Изградете се во млади луѓе кои знаат како да го искористат својот потенцијал и ќе бидат успешни во професијата и животот.

– Ликот и делото на Марија Кири Склодовска е синоним за храброст и истрајност во светот на науката. Бидете храбри, бидете Кири!

Наставниците, стручните соработници и раководната служба на македонски наставен јазик