Македонија 01. март 2019. / 13:29

Неколку бебиња во тешка состојба поради морбили

Неколку бебиња во тешка состојба поради морбили

Епидемијата на мали сипаници не стивнува, а се уште најпогодени се малите бебиња кои не примиле вакцина, пренесува Слободен печат.

На Клиниката за инфективни болести три бебиња кои се помали од два месеци се наоѓаат во тешка здравствена состојба на Клиниката за детски болести, поради воспаление на белите дробови што го добиле како последица на компликации од мали сипаници. На оваа клиника има вкупно 8 пациенти со мали сипаници.

Тешки случаи со компликации од морбили има и на Клиниката за инфективни болести, од кои две се деца, а едното тримесечно бебе. На оваа клиниката има еден пациенти кој е во многу тешка состојба и е поврзан на апарат за дишење.

На Инфективна во моментот има 29 пациенти со морбили.