Македонија 21. септември 2019. / 21:06

Неготинчани даваат отпор: Ја снема двојазичната табла во Неготино

Неготинчани даваат отпор: Ја снема двојазичната табла во Неготино

Двојазичната табла на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, која беше поставена пред неколку дена во Неготино, денеска ја нема.

За нејзиното отстранување извести „Беломорска партија“ на „Фејсбук“.

Неготино и Кавадарци покажаа колку им значат Северџански и двојазични табли. Наскоро ќе дознаат Северџаните дека кратко им е времето на Македонската земја. Република Македонија засекогаш, стои во објавата.

Таблата со натпис на македонски и на албански јазик беше поставена во општината во која на последниот попис во 2002 година се регистрирани 0,1 отсто Албанци или вкупно 30 од 19.212 жители.