Македонија 21. јули 2020. / 15:06

Негативен првиот тест за Ковид-19 на Манчевски

Негативен првиот тест за Ковид-19 на Манчевски

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска на својот профил на „Фејсбук“ објави дека првиот тест за коронавирусот му е негативен откако на 15 овој месец отиде во самоизолација бидејќи неговиот заменик и возачот беа позитивни на вирусот.

Тој додава дека доколку и вториот е негативен од понеделник почнува да оди на работа.

-Првиот тест негативен. Досега водам во негативни тестови со 4:0. Да се надеваме на 5:0.
Ако и вториот тест од оваа изолација биде негативен во недела, од понеделник назад во акција.
На моите пријатели и колеги кои се позитивни им пожелувам брзо опоравување. Имаа многу слаби симптоми, кои веќе ги немаат и се надевам дека брзо ќе се покажат негативни на тестот.
Чувајте се, бидете безбедни и почитувајте ги мерките за лична заштита, напиша Манчевски на „Фејсбук“.