Македонија 11. јануари 2021. / 16:36

Не постои Анекс со 12 точки, тврди Османи

Не постои Анекс со 12 точки, тврди Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за ТВ 21 изјави дека не постои анекс на Договорот за пријателство со Бугарија, со што го демантира бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов кој деновиве изјави дека нашата земја може многу брзо да добие зелено светло од Софија за почеток на преговори со ЕУ доколку ги исполни барањата содржани во анекс од 12 точки.

„Не постои никаков Анекс со 12 точки за што зборува Каракачанов”, изјавил Османи во интервјуто кое ќе биде емитувано на ТВ21.

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов пак, деновиве во интервју за бугарската ТВ Нова изјави: „Република С. Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или во февруари, ако го потпише анексот од 12 точки што го доставивме“.