Македонија 02. август 2019. / 12:05

Не е важна големината, важна е идејата!

Не е важна големината, важна е идејата!

„Коса црта девојче, китка шарена…“

пишува: Костадин ТАСЕВСКИ

Не закосија со цртата во сите изводи… ги избришаа децата од живи во свидетелствата… не направија потомци на „славната империја“ северЏанистан…

Дефинитивно потребна е бела револуција, спротивна на онаа шарената.

Историјата памети, во времето на „Третиот Рајх“, кога хитлеровата машинерија, во стилот на преродбеништво, пробала на Германците да им го избрише германскиот идентитет, култура, историја… палејќи книги и секакви записи, менување на документи итн.

„Преродбеникот“ Зоран Заев, денес иако само мал број на луѓе помислуваа на тоа, на еднаш создадената и именувана држава со име избрано од народот или народите кои се здружуваат, по желба на комшиите, успеа да го смени уставното име Република Македонија и идентитетот на вековниот македонски народ.

Досега немало, нема, а верувам и дека нема ниту да има ваков или сличен случај кој не бил или не би бил санкциониран. Овој на Зоран Заев, дури и „судницата во Нирнберг“ би била претесна.

Моменталниве македонски „владетели“ се од некој посебен вид. Спаѓаат во специјално новоизмислена и експериментална банда за “големи” проекти: продавање цели народи и држави, без страв од одговорност.

Срамот и презирот ќе им висат над нивните глави. Прав и пепел нема да остане. Така ќе бидат изучувани од идните македонски генерации.

Сме биле мали, сме морале да „клекнеме“ пред големите… Толкацка ли е големината што оваа владејачка гарнитура ја има покажано пред светот?

Па дури и мачката која самата знае дека е немоќна, кога ќе биде притисната во ќош, ќе се исправи пред кучето подготвена да се брани себе или своите мачиња. И секогаш победува… Не дека е помоќна, туку едноставно природно е посилниот да го почитува храбриот… Дури и пријатели може да станат.

Факт е дека никој не сака, ниту пак почитува кукавици и луѓе кои веднаш се предаваат. Сите сакаат борбени и луѓе со свој став, спремни да го одбранат тоа што ним им припаѓа. Можеби во даден момент ќе ја загубат битката, но никогаш војната.

Дури и Германија се обедини иако беше разделена од најголемите сили САД и СССР, Алжир се издигна над Франција, Индија над Британија… Не е важна големината, важна е идејата… А идеја, може да се уништи само со подобра идеја…

Секоја империја е со рок на траење. Секоја наметната реалност е неодржлива. Не убедуваат, Македонија била грчка, „Македонците се бугари“… а Македонците и во Грција и во Бугарија играат македонски ора, пеат песни на македонски јазик… Па од каде излегоа господине Заев овие луѓе? Нели Македонците се народ после ’45? Зарем мислите дека на хартија ќе го поништите Македонецот?

Многу тешко ќе ви оди со тоа. Македонецот низ историјата е како пиреј, пак ќе никне. Па макар во вашето владеење останал само еден човек кој се чувствува како Македонец.
И што мислите сега властодршци? Им дозволивте на сите да ни се качат на врат и чекаме да ни слезат без никаков отпор! Зарем мислите дека само заради заштита на вашите интереси и газењето по сопствениот народ, само од страв да не се навреди комишијата, ќе успеете да си го спасите образот?

НЕ!!! Се лажете. Македонецот можеби со векови немал своја држава, ама имал достоинство. Па дури и големите империи, далеку поголеми од вашата, не успеале да го покорат Македонецот. А нема ни вие.

Македонецот бил, е и ќе биде Македонец. Потпишани биле и други документи, па незнам колку документи и сега да потпишете, џабе ви е. Пак ќе се пее „Македонско девојче“.

Отпишан сте господине Заев… Колку побрзо сфатите, толку подобро за вас… и за Македонија.

И кога луѓето околу вас го сфатија тоа дека не можете да го изедете Македонецот, иако сте склони на јадење живи луѓе, сега почнавте меѓу себе да се јадете. Лажната Ви шарена револуција, си ги изеде децата.

Држава без македонски јазик, без македонска национална историја, книжевност, обичаи, македонски традиции и вредности, негувани со илјадници години нема да има, иако тоа го посакувате. Македонецот ќе си го одбрани своето.

А вие господине Заев, како човек со гинисов рекорд на аболиции, аполитичар со непознавање на својата национална историја и сите нацонални вредности, во кои се колневте пред целата светска јавност дека ви се свети, ВИ ДОЈДЕ КРАЈОТ!!!

Ја испоганивте, пониживте и засрамивте Македонија пред цел свет. Македонците паметат, и адекватно ќе ве наградат! Времето доаѓа… ТИК, ТАК…