Македонија 07. март 2019. / 13:21

Не доставиле анкетни листови: Антикорупциска со прекршочни за декани и професори

Не доставиле анкетни листови: Антикорупциска со прекршочни за декани и професори

Антикорупциската комисија ќе поднесе прекршочни пријави за повеќе од 20 декани и професори на факултетите на универзитетите во земјава затоа што не доставиле анкетни листови за имотната состојба.

Во тек е седницата на која антикоропционерите ги разгледуваат стасаните предмети со пријави за вработувања за кои има сомневања за конфликт на интереси и непотизам.

Антикорупциска упати повик до сите раководители во институциите да испратат податоци за избрани и именувани лица, со цел да се ажурира регистарот на Комисијата. Од таму потсетуваат дека за неисполнување на оваа обврска се одговара прекршочно. Анкетни листови се очекуваат и од нотари, извршители и административци.