Македонија 28. август 2019. / 16:04

Наследник на Штерјев ќе има по одлуката за Јанева

Наследник на Штерјев ќе има по одлуката за Јанева

Одлуката за евентуално разрешување на Јанева го одложи изборот за наследник на Коле Штерјев во советот на јавни обвинители, чиј две годишен мандат на чело на Советот истекува до крајот на месецот. Кој ќе биде новиот претседател на највисокото обвинителско тело ќе изберат челновите но во петок откако утре ќе помине гласањето за Јанева.

Претседателот на Советот се избира од членовите на Советот, од редот на избраните јавни обвинители, со мнозинство гласови од вкупниот број членови со тајно гласање. Мандатот на претседателот на Советот трае две години, без право на повторен избор.

Штерјев во 2016 година беше избран за член на Советот на јавните обвинители а од 1 септември 2017 година е претседател на советот кога го наследи Петар Аневски. Пред да влезе во Советот Штерјев работел како виш обивнител а претходно и обвинител за организиран криминал и основен обвинител.

Како претседател на Советот најмногу критики доби за унапредувањето на неговата внука Марија Ѓоргева во обивнителството за организиран криминал. Антикорупциска отвори и предмет за овој случај а Штерјев одговараше дека не бил прекршен законот за судир на интереси.