Шестчлена група при министерството за култура, одлучи Музејот на Македонската Револуционерна Борба, изграден покрај кејот на реката Вардар, да биде избришан од листата на објекти на македонското културно наследство.
Групата нашла законски и процедруални пропусти, како и проценила дека е овој објект е упад во македонскиот идентитет. Притоа констатирано е фаворизирање на партиски митови и како и кршење на одредени закони.
Одлуката за изградба ја донесе претходната влада во 2008 година, а објектот беше готов три години подоцна. Цената за неговата изградба ја чинеше државата 17 милиони евра.