Македонија 17. јуни 2020. / 17:15

Народниот правобранител реагира дека училиштата не смее да наплаќаат за издавање сведителства

Народниот правобранител реагира дека училиштата не смее да наплаќаат за издавање сведителства

Училиштата не смеат да им наплаќат на учениците за издавање сведителство за завршено образование, соопштија реагираат од канцеларијата на Народниот правобранител, од каде потенцираат дека според Законот за основно образование и Законот за средно образование секое дете има право на бесплатно основно воспитание и образование.

Како што велат од Омбудсманот, истото право важи и за средното образование кое е задолжително за секој граѓанин.

Со оглед на тоа дека учебната година заврши, a на учениците треба да им бидат издадени свидетелства, кои пак, се неопходна документација за запишување, односно продолжување на образованието, Народниот правобранител им укажува на училиштата дека свидетелството претставува јавна исправа која во еден примерок му се издава на ученикот и за издавање на истото не смеат да ги условуваат учениците, односно родителите/старателите со претходно уплаќање на определени средства, се вели во соопштението на Народниот правобранител.

Во тој контекст, Народниот правобранител ги охрабрува учениците, односно нивните родители/старатели таквите случаи на наплата што се вршат спротивно на закон да ги пријават во Државниот просветен инспекторат или кај Народниот правобранител.

Воедно, Правобранителот апелира до Инспекторатот, кој врши контрола над работата на училиштата и остварувањето на правата во областа на образованието, соодветно да реагира за да ги спречи ваквите незаконски наплати и  тие да се санкционираат.