На првообвинетиот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски ќе му бидат конфискувани гардеробата, сликите и парите затоа што биле незаконски стекнати со кривичното дело за коешто е обвинет.
Истовремено, судот одреди конфискација и запоранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, која по правосилноста на пресудата ќе остане без мебелот и 50.000 евра.
За случајот „Рекет“, на Бојан Јовановски – Боки 13 Судот му изрече казна затвор од девет години, а на Катица Јанева затворска казна од седум години.