Македонија 14. јуни 2020. / 17:15

Најрано што ОБСЕ може да испрати мисија во Македонија е на 19 јуни

Најрано што ОБСЕ може да испрати мисија во Македонија е на 19 јуни

ОБСЕ/ОДИХР објави конкурс за оценувачка  мисија за изборите во Македонија (трае до 16. јуни). Според тоа, најрано што може ја да испрати оценската мисија во нашата земја е во  периодот од 19 до 21 јуни, по што од следниот ден би влегле во изборна кампања.

Кампањата е предвидено да трае три недели и првиот можен датум за избори би бил 15. јули (на 14. би гласале болни, лица во самоизолација и постари од 65 год, дома).

Доколку ОБСЕ/ОДИХР закасни со мисијата, тогаш датумот би бил поместен покасно.