Во текот на вчерашниот ден пријавени се вкупно 68 нови случаи на COVID-19 од 9 градови. Најголем број од пријавените лице се со место на живеење во Куманово, Скопје и Прилеп.
Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 30-39 години, вкупно 15, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 44 женски и 24 машки лица, информира Институтот за јавно здравје.
Хоспитализирани се 11 лица, а останатите се на домашно лекување. Кај 21 лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Вкупно 41 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а регистрирани се две лица кои имале историја на неодамнешно патување во последните 14 дена.
Заклучно со 11.04.2020, пријавени се вкупно 828 случаи. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје и Куманово, додека највисок морталите (со исклучок на странскиот државјанин од Кавадарци) се регистрира во Струга и Тетово.
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 176,5 заболени на 100.000 жители, во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 140,2, додека инциденца над 40 на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Штип, Прилеп, Кочани, Велес и Струга.