Македонија 12. август 2020. / 17:45

Најголем број од новозаболените се од Скопје, Куманово, Гостивар и од Штип

Најголем број од новозаболените се од Скопје, Куманово, Гостивар и од Штип

Според податоците на Министерството за здравство во изминатото деноноќие најмногу случаи на ковид-19 се регистрирани во Скопје-30, Куманово-20, Гостивар-19 и Штип-15.

Од новите случаи останатите се во Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гевгелија-1, Струмица-2, Кочани-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Берово-1, Делчево-1, Свети Николе-6 и во Кичево-4.

Во статистиката од последните 24 часа од 1 627 тестирани, регистрирани се вкупно 139 случаи низ целата земја.

Денеска во графата на оздравени пациенти се впишани 239, а Скопје е на врвот со Скопје-132, потоа во Свети Николе се оздравени 23 пациенти, а Куманово 22.

Останатите оздравени се од: Дебар-8, Штип-14, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1, Битола-7, Кавадарци-3, Гостивар-2, Кочани-3, Демир Хисар-4, Делчево-3, Кичево-6 и Неготино-1.

Во денешната статистика е регистриран еден починат пациент од Охрид на 66 годишна возраст, кој починал во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12 217, бројката на оздравени пациенти е 8 487, на починати е 530, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 200.