Универзитетската професорка Мирјана Најческа со жестока критика до министерот за внатрешни работи и полицијата, затоа што дозволуваат без да има демонстранти одредени иницијативи да го блокираат соображајот во Скопје.
На нејзиниот фејсбук профил, Најческа закачи фотографии од протестот и вели дека кога ќе се види немасовноста на протестите, излегува дека всушност полицијата попречува сообраќај а не демонстрантите.
-Ова значи дека министерот за внатрешни работи ги испратил полицајците да го блокираат сообраќајот во Скопје.
Ма кој кретен треба да си за да дозволиш вакво нешто.
Дај бре тргнете го попот од раководното место во полицијата заедно со сите корумпирани кадри од времето на Мијалков кои се уште ведрат и облачат во министерството.- напиша Најческа.