Поради појава на заматување на водата, предизвикано од интензивните врнежи од дожд, ЈП „Комуналец“ од Неготино упати известување дека водата за пиење треба да се преврива пред употреба.
Заматувањето на водата e, како што појаснија, е најмногу поради интензивните врнежи во изворишниот дел на регионалниот водовод „Лукар“.
Препораката за превривање на водата пред употреба е се до стабилизирање на состојбата.