Македонија 05. мај 2019. / 14:30

Над 8.000 гласачи повеќе од првиот круг излегле до 13 часот

Над 8.000 гласачи повеќе од првиот круг излегле до 13 часот

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) до 13 часот излезноста на изборите е 20,73 % или досега гласале 369.141 избирачи.

Споредбено пак со бројот на гласови во првиот круг, може да се заклучи дека излезноста се движи со слично темпо, бидејќи тогаш до 13 часот гласале 20,5% од гласачите или 360.881 избирачи.